„Децата се неговата единствена врска со светот“: Џек Николсон веќе две години боледува од деменција

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Џек Николсон подолго време не ја напуштил својата вила на Беверли Хилс. Откако пред две години му беше дијагностицирана деменција, Џек последен пат беше виден во јавноста на кошаркарски натпревар на Лејкерс пред две години. Тој беше придружуван од неговиот син, а актерот беше расположен да се слика со фановите.

Светските медиуми сега пишуваат дека Џек „би можел да умре сам бидејќи ретко се гледа со други луѓе“.

Тој поголемиот дел од времето го поминува со својот 30-годишен син.

„Џек е во контакт со одредени роднини, особено со Реј, неговиот штитеник, со кој се гордее, но неговите денови на дружење одамна поминаа“, изјавил извор за Radar Online.

„Неговите деца го посетуваат, но тие се неговата единствена врска со светот. Како да не сака повеќе да се соочува со реалноста и тоа е едноставно е тажно“, заклучи изворот.

Слични содржини