Децата во Газа се изложени на ризик да умрат од глад, болести и дехидрација

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Невладината организација „Спасете ги децата“ денеска соопшти дека децата во Појасот Газа, кои не се убиени од бомби, се изложени на ризик да умрат од глад, болест или дехидрација.

„Ситуацијата е катастрофална. Цивилите, особено децата, продолжуваат да ја плаќаат највисоката цена за тековното насилство“, рече Александра Саје од „Спасете ги децата“ во Вашингтон, според Ал Џезира.

Таа додаде дека вкупниот број на деца убиени во Газа во изминатите неколку недели е поголем од вкупниот број на деца убиени во сите конфликти од 2019 година.

Слични содржини