„Постојат два документи од бугарскиот и македонскиот парламент кои повлекуваат некои црвени линии во Софија и Скопје и владите не смеат да ги прекршуваат. На секој претставник на современите хуманистички и општествени науки му е апсолутно јасно дека овие документи се апсолутна идеологија со која нема да постигнеме ништо во наредните години. Тие ја претставуваат бугарската и македонската идеологија во нејзината романтична форма, изградена во последните децении“, ја истакна главната пречка за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, историчарот Стефан Дечев.
Според него, други проблеми се медиумското опкружување, каде што доминира радикалниот говор, како и академската заедница во двете земји, меѓу кои доминира романтичниот поим за историјата.
„Мора да има искрен дијалог кој ќе помогне да се зближат двата народа. Граѓанското општество мора да работи во овој критичен момент за да се постигне политички компромис. Она што се случи во ноември 2020 година (бугарското вето) нанесе сериозна штета на и онака кревките односи меѓу двете земји, затоа мора да се надоврземе на договорот од 2017 година и да работиме со двете граѓански општества за да изградиме атмосфера на меѓусебно почитување и да постигнеме решение каде ниту една страна нема да се чувствува повредена“, рече поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, кој се приклучи преку видео-врска од Скопје.
Новиот бугарско-македонски клуб ќе формира паралелни комисии во „сенка“ на официјално ниво на различни теми – историја, култура и образование, наука, сајбер безбедност, регионална политика и друго.
„Целта е да се фокусираме на темите што не обединуваат, а не на оние што не разделуваат“, се вели во заклучокот од средбата.