Дечев: Генчовска е „празноглава“, арогантно е да не се признава македонскиот јазик

од Nikola Popovski
415 прегледи

Бугарскиот историчар и професор Стефан Дечев денеска упати јавна критика кон бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска во однос на изјавата дека „Бугарија не признава македонски јазик“.

-Главата на Генчовска е толку празна (без оправдување) што веќе откако и онака се преврте автомобилот, наместо еднаш да каже „Бугарија ќе даде еднострана изјава за јазикот“, таа постојано повторува „Не го признаваме македонскиот јазик“, „Не сме признале македонски јазик“ итн. Таа воопшто не сфаќа колку е ова арогантно и навредливо за луѓето што го зборуваат овој јазик, а го нарекуваат „македонски“, бидејќи како друго да го нарекуваат. Тоа остава крајно лош впечаток во странство и создава погрешен впечаток дека Бугарија не е во право за ниту едно од историските прашања, пишува Дечев.

Според него, не може цела Бугарија да се срами поради одлуката на еден дел од Бугарската академија на науките или на едно семејство лингвисти.

-Во Брисел, во Париз, во Берлин, во Амстердам, во Копенхаген, во Токио, во Вашингтон, во Москва, во Киев, во министерствата за надворешни работи, на универзитети, катедри, јазикот е „македонски“. Ако соседот го нарекува јазикот „македонски“, само затоа што си добро воспитан, а не поради познавања на филологијата, треба да го нарекуваш „македонски“, истакна Дечев на социјалните мрежи.

Слични содржини