Дечев: Ќе се формира заедничка бугарско-македонска историска комисија во сенка

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Ќе се формира заедничка бугарско-македонска историска комисија во сенка која ќе работи паралелно и ќе го ослободи преговарачкиот процес меѓу Софија и Скопје, изјави за БНР историчарот Стефан Дечев од новоформираниот клуб за бугарско-македонско пријателство.

„И ние ќе имаме своја агенда, свој календар, наши состаноци. Ќе се обидеме да покажеме дека не мора да има скандали после секој состанок. Нашата комисија ќе биде предизвик за другата комисија“, веи тој.

Дечев изрази надеж дека учесниците во комисијата во сенка ќе бидат подготвени „за отворен дијалог“.

„И едните и другите се запознаени со публикациите на другата страна. Гледаат дека има точка на приближување, на вкрстување на некои од тезите. Не си поставивме цел да го укинеме ветото до јуни, имаме реален пристап“, рече Дечев.

„Неговата цел е да покаже дека е можно да се соберат луѓе од двете страни на границата и да се води искрен и плоден дијалог насочен кон сите области од животот“, објасни Дечев за мисијата на клубот, кој брои повеќе од 120 членови.

„Не се знае во кој момент минатото ќе го разнесе процесот ако не сме подготвени да зборуваме за тоа на модерен начин“, вели историчарот,

„Кога зборуваме за историја, не е Румен Радев тој што ќе ни кажува како стојат работите со историјата“, изјави Дечев во програмата „Пред се“ во врска со изјавите на претседателот на нашиот источен сосед оваа недела за преговорите за членство во ЕУ на земјава.

„Бугарската позиција постојано се менува. Добро е кога се формулира став, да не се менуваат акцентите во него“, рече историчарот.

„Гледајќи ги медиумите во Софија и Скопје, сфаќате дека тие создаваат амбиент, атмосфера што не подразбира промена на краток рок“, смета Дечев.

Слични содржини