Дечев: Можен следен потег е извесното признавање на денешниот македонски јазик и идентитет

од Nikola Popovski
406 прегледи

Бугарскиот историчар Стефан Дечев смета дека се зголемува бројот на политичарите и историчарите во Софија кои мислат дека во јуни нема да се случи ништо позитивно, во врска со преговорите на Македонија со ЕУ.

„Не мислам дека до јуни има каква било можност за чекор напред во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, а до декември мојот оптимизам е многу умерен“, вели Дечев во интервју за бугарски „Медијапул“.

Тој смета дека „властите во Скопје поставија цел да започнат преговори со ЕУ во рамките на ротирачкото претседателство на Португалија“, објаснувајќи го тоа само како македонска желба, а не како геополитичка стратегија на ЕУ која треба да го стабилизира и унапреди регионот.

„Неопходни се две години дебата и максимум 10 средби, по 5 годишно“, вели Стефан Дечев, како одговор на прашањето колку време е потребно за да се реши македонско-бугарскиот историски спор.

„За тие две години експертите би можеле да се обединат околу еден широк основен консензус, што би ги вклучувал идеите за – динамичниот каракет на идентитетите; модерната природа на нациите; различните средовековни реалности, што не кореспондеираат директно со современоста; „заедничката историја“ поврзана со преминувањето на елитата преродбеници и револуционери од Македонија низ бугарската етапа на идентитетот пред осамостојувањето во идна посебна, итн“.

Историчарот додава дека можен бугарски потег е поизвесно признавање на денешниот македонски јазик и идентитет.

„Многу луѓе ќе ви кажат дека тие се признати. Но, начинот на кој тоа го прави Софија создава чувство на признавање на две историски недоразбирања, а не на легитимни историски производи. Но, дозволете ми да додадам одеднаш – Скопје понекогаш тврди дека тоа е доволно, но некои изјави од време на време даваат впечаток дека ниту ова нема да биде задоволително“, вели Дечев.

Слични содржини