Дечев: Значајни меѓународни фактори се „за“ политиката која ја водат Ковачевски и Петков

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Големата надеж е дека значајни меѓународни фактори се „за“ оваа политика што ја водат премиерите (Димитар) Ковачевски и (Кирил) Петков, вели за БНР историчарот Стефан Дечев, кој го коментираше актуелниот развој на темата за приближување на неговата земја кон Северна Македонија.

Прашање е, додава тој, дали тие ќе бидат доволни за да се спроведе оваа политика и крајниот резултат владата на Ковачевски во Скопје да го прикаже како победа на Македонија и владата на Петков во Софија како победа на Бугарија.

Претходно премиерот на нашиот источен сосед, Петков на својот ФБ профил сподели дека тој и македонскиот премиер нема да подлегнат на провокации и дека никој нема да ги спречи него и Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.

„А на сите злонамерни страни можам само да им порачам „нема да не спречите!“, објави Петков.

Слични содржини