Деџенерис проговори по смртта на поранешната девојка: „Ова е тажен ден…“

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Познатата актерка Ен Хеч почина вчера по седумдневна борба за живот, која уследи по тешката сообраќајна несреќа во Лос Анџелес.

Во несреќата актерката е тешко повредена и лекарите неколку дена се бореле за нејзиниот живот, но Ен не преживеала, а нејзината смрт ја шокираше светската јавност.

Бројни познати личности се збогуваат со актерката преку социјалните мрежи, а меѓу нив е и познатата водителка Елен Деџенерис, која кон крајот на деведесетите беше во врска со Ана.

– Ова е тажен ден. Ја испраќам сета моја љубов кон децата, семејството и пријателите на Ен – напиша Елен на својот Твитер профил.

Инаку, Елен и Ен беа во врска од 1997 до 2000 година, а Ен во едно од минатогодишните интервјуа изјави дека нивната врска во тоа време била скандал и дека нејзината филмска кариера настрадала поради врската со комичарката.

– Холивуд ме стави на црна листа по таа врска. Десет години не сум учествувала во филмовите на големите студија. Дури и ме исфрлија од проект вреден 10 милиони долари – рекла таа во една прилика.

Нејзиниот колега, легендарниот актер Харисон Форд, со кој глумеше во романтичната комедија „Шест дена, седум ноќи“ ја спасил од отказ од голем проект.

– Тој е мојот херој. Ми се јави едно утро и рече дека не му е важно со кого спијам, туку дека мораме заедно да глумиме во комедија – изјави Хеч.

По раскинувањето со Елен, Ен се омажила за снимателот Колман Лафун, со кој го добила синот Хомер. Сепак, парот подоцна се разведе, а после тоа неколку години беше во врска со актерот Џејмс Тапер, колега од серијата „Men in Trees“, со кој го доби синот Атлас.

Слични содржини