Дединец: Нема да има големо зголемување на цената на струјата

од Nikola Popovski
271 прегледи

Научниот соработник за енергетика и животна средина во МАНУ, Александар Дединец смета дека шпекулации се сегашните информации за новата цена на струја.

-Секоја компанија си има одреден процент со кој што учествува во самата сметка на граѓаните. И зголемувањето да звучи многу во одреден правец, не мора да значи дека вкупните трошоци ќе се зголемат многу. Компаниите ги одредуваат нивните трошоци за набавка на загубите на електрична енергија во преносно-диструбитивната мрежа, Врз основа на тие трошоци ќе се креира барањето за покачувањето. Се зависи од таа енергија за загубите, бидејќи најмног ќе влијае на нивнот барање. Искрено не верувам дека ќе дојде до големо зголемување на цената на струјата. Реален е стравот на граѓаните, но не верувам дека ќе биде големо. Сепак, потребни се мерки и добри политики за да ги ублажиме ефектите од зголемувањето, рече Дединец во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини