Дедо ги спаси внуците, а потоа почина во земјотресот на прагот од куќата: Кучето го чекаше пред урнатините

од Берта Китинска
223 прегледи

Миле Јурковиќ (62) загина во урнатините на една куќа во Мајске Полјане кога земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја потресе оваа област во Хрватска.

Куќата се сруши до темелите додека Миле беше во неа. Неговото куче вчера цел ден седеше пред урнатините, чекајќи го Миле да се врати дома. Не не го сретна…

Останаа само темелите на куќата на Миле. Неговата сопруга Анка (59) и внуката Катарина во Мајске Полјане во понеделникот ги посетија новинарите на 24sata.hr, по првиот земјотрес од 5,2 степени по Рихтер.

Стоеја пред истата куќа, која веќе беше навалена лево. Се загреваа пред огнот што го запалија во дворот. Тие се плашеа од нов земјотрес и не сакаа да влезат во куќата.

Сопругата на Миле, Анка е срцева пациентка и едвај го преживеа првиот земјотрес.

– Плачев цел ден. Не можам да влезам во куќата. Како што излегов, така сум и сега. Не зедов ништо со мене. Вечерва ќе спијам во автомобилот – им рече тогаш на новинарите на 24сата.хр.Миле сепак беше похрабар и ги придружуваше до подот на куќата каде беше распукан целиот ѕид. Со рацете покажа на јазот во носечките sидови дебел колку прст.

Во тоа време, никој од службите не беше во Мајске Полјане и не знаеше колку е критична ситуацијата и тогаш.

– Да дојдеше некој, кој било, да види како сме, да не стави некаде. Исто така, се плашам да мислам што ќе се случи со нас, куќата може да се сруши во секој момент – рече Миле.

Само еден ден подоцна, се остварија неговите и стравовите на другите жители на Мајска Полјана.

За време на кобниот земјотрес, велат соседите, Миле ги зел внуците, синот и сопругата и ги натерал да излезат од куќата.

Тој, како заштитник на семејството, остана последен во неа. Куќата се сруши во моментот кога Миле бил на прагот. Му беа потребни само неколку чекори за да остане жив.

Кучето што го чекаше на прагот згрижено.Здружението за животни Анималекс синоќа на Фејсбук објави дека тоа  патува за Пула, што го потврди и Дамир Скок, директорот на зоолошката градина во Загреб.

Слични содржини