„Дедо Мраз порано дојде во УКИМ“: Џафери и Синдикатот потпишаа нов колективен договор

од Nikola Popovski
275 прегледи

Претседателот на Сојузот на синдикати на скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“, Ангел Ристов денеска информираше дека го потпишале финалниот колективен договор на ниво на работодавач со Собранието.

-Потпишувањето на договорот е резултат на повеќе од двегодишната борба и заложби на Синдикатот за подобрување на материјалната положба на наставниот и ненаставниот кадар на УКИМ. Со потпишувањето се прифатија нашите заложби, со кои што во 2024 и 2025 година ќе дојде до значително покачување на платите на вработените во УКИМ, со кои што ќе се придонесе до поквалитетен развој на науката и високото образование. Во името на Сојузот на синдикати изразуваме благодарност до претседателот  на Собранието, Талат Џафери кој што ги прифати нашите барања и ги потпиша договорот. Ова е историски начин. Оваа година изгледа Дедо Мраз порано дојде при универзитетот „Кирил и Методиј“, рече Ристов пред медиумите.

Слични содржини