Дефанзивец на Кристал Палас прв избор на „црвените ѓаволи“ за центарот на одбраната?

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Компанијата ИНЕОС на Сер Џим Ретклиф обезбеди 25 отсто од акциите во Манчестер Јунајтед на крајот на 2023 година и со тоа го презеде управувањето со клубот, односно сите фудбалски операции. Ретклиф, еден од најбогатите Британци, планира да го реновира тимот во летниот преоден рок, пишува Мирор.

Многу играчи би можеле да го напуштат клубот од Манчестер, кој е на шестото место во Премиер лигата и со години талка по заминувањето на легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон. Затоа ќе биде неопходно да се донесат нови имиња, за кои Ретклиф ги задолжи техничкиот директор Џејсон Вилкокс и спортскиот директор Ден Ешворт.

„Тајмс“ пишува дека доведувањето на стопер е клучна задача. Главна опција е Марк Гуехи (23) од Кристал Палас, а се споменува и капитенот Макс Килман (26) од Вулверхемптон.

Гуехи помина низ академијата на Челси и беше на позајмица во Свонси, а Кристал Палас го доведе во 2021 година за 23 милиони евра. Во тековната сезона забележа 26 настапи, со тоа што моментално се опоравува од операцијата на коленото на која беше подложен во февруари.

Наскоро се очекува враќање, а Гуехи се надева дека ќе заигра за Англија, за која има девет настапи, на овогодинешното Европско првенство.

Неговиот договор со Кристал Палас е со важност уште две години, па клубот наводно би барал околу 60 милиони евра. Арсенал исто така го следи, што значи дека клубот од Манчестер би можел да биде во битка со лондонскиот клуб за дефанзивецот.

Ако би заминал по наведената цена, Гуехи ќе стане најголемата продажба на Кристал Палас досега, бидејќи сегашниот рекорд го држи Арон Ван-Бисака, за кој Јунајтед плати 55 милиони евра.

Слични содржини