Дефицитот на електрична енергија во Киевската област денеска изнесуваше околу 50 отсто, изјави шефот на регионалната воена управа Алексеј Кулеба, повикувајќи се на податоците на енергетската компанија „Укренерго“.
„Според количините кои ги објави Укренерго, дефицитот на електрична енергија во регионот е околу 50 отсто“, напиша тој на својот канал на Телеграм, пренесе ТАСС.
Според него, најтешка е состојбата во областите Бучан и Бровар и делови од областа Бориспиљ.