На работна средба, утрово во просториите на Општина Аеродром официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, на која присуствуваа поранешниот градоначалник, Тимчо Муцунски и заменик-градоначалникот Дејан Митески.
Двајцата функционери ја потенцирале досегашната успешна соработка и истакнаа дека работата на Општината ќе продолжи непречено и во континуитет, информираат од општината.
Муцунски се заблагодарил за досегашната соработка, притоа потенцирајќи дека Општината продолжува да ја води човек што и досега како претседател на советот давал важен и сериозен придонес во нејзиното функционирање и работење. Тој упатил благодарност за поддршката и соработката до целиот тим и општинската администрација.
-Митески упати благодарност до Муцунски за придонесот за Општината и истакна дека соработката ќе продолжи и во иднина. Тој најави континуитет во работењето и реализација на многу проекти кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина во Аеродром, велат од општина Аеродром преку соопштение.