„Дејли мејл“: Сити се разбра со Халанд, ќе заработува 500.000 неделно

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Англискиот гигант Манчестер Сити постигна договор со норвешкиот напаѓач на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд, информира „Дејли Мејл“.

Според информациите, играчот ќе добива 500.000 фунти неделно, со што ќе стане најскапиот играч во Премиер лигата.

„Граѓаните“ сакаат да потпишат петгодишен договор со Халанд, а се очекува договорот и официјално да биде објавен следната недела.

Халанд е дел од Борусија од јануари 2020 година, откако беше привлечен од РБ Салцбург за 20 милиони евра. Тој оваа сезона одигра 20 натпревари во Бундеслигата со 18 гола и седум асистенции. Во Лигата на шампионите, Халанд има постигнато три гола на три натпревари.

Договорот на норвешкиот напаѓач со Борусија ќе биде раскинат на крајот на сезоната, кога Манчестер Сити ќе ја активира откупната клаузула од германскиот клуб. Таа изнесува околу 75 милиони евра.

Интерес за играчот имаше и од Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и низа други клубови, но условите кои ги понуди Манчестер Сити беа најдобри и влијаеа на одлуката на членот на норвешката репрезентација, пишува англиското издание.

Слични содржини