ОДМАЗДА… “во умот на Ердоган оваа серија на настани ги потврдува сите стравови.”…последните 24 часа „се едни од најнадреалните во современата историја на Турција”.

Во текстот, во авторство на дописникот, Дејвид Блер, насловен „Мислевте дека Ердоган беше лош? Најлошото допрва доаѓа” пишува:
Ако Ердоган беше сојузник кој во минатото ги излудуваше Европа и Америка, лидер кој штотуку го порази воениот удар е во состојба да стори скоро се. Во извесна смисла, Ердоган е ослободен од обвинение. Пред немирите во петокот вечер, најмногу го нервираше ставот дека е параноичен. Западот ги исмеваше неговите тврдења дека мрачни сили се организираат за да го соборат од власт и дека во рамки на турската држава имало заговор за неговата пропаст.
Блер вели дека последните 24 часа „ беа едни од најнадреалните во современата историја на Турција”.
-Воените единици навистина беа лоцирани ширум Истанбул и Анкара и во закрила на ноќта заземаа клучни позиции. Хеликоптери навистина пукаа во цели во главниот град и оставаа светли трагови на темното небо. Во исто време, тенкови блокираа мостови на Босфор, а војската кусо време како заложници држеше дел од неговите офицери – пишува Блер.
Тој наведува дека “во умот на Ердоган оваа серија на настани ги потврди сите свои стравови.”
-Првата фаза од неговиот одговор може да се сумира во еден збор: одмазда. Одмаздата започна во сабота со апсењето на 1.563 војници. Кога пристигна во Истанбул во раните утрински часови „мирен како гроб и смртно блед“ Ердоган предупреди дека неговите непријатели „ ќе платат скапа цена” за нивното „предавство и бунт”- пишува Блер.
Блер открива дека заменик-претседателот на Партијата на правдата и развојот на Ердоган побарал враќање на смртната казна за пучистите. И додека неговите потчинети се натпреваруваат кој ќе биде пожесток во однос на противниците, умот на Ердоган сега ќе се насочи кон следната фаза: фрлање на вината.
-Околу ова западните влади ќе биде особено загрижени, бидејќи претседателот е целосно способен да одлучи дека Европа и Америка стојат зад обидот за државен удар – оценува Блер.
Тој смета дека „сега кога го избегна вистинскиот удар, Ердоган ќе ги дуплира своите напори да ја замолчи секоја критика.”
-Иако Турција ги разгледува последиците од надреалните 24 часа, останува горчливата вистината: никој не полут од Ердоган кој некако успеа да преживее- пишува Блер.
Осветољубив, надмен, авторитарен, тврдоглав, претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше сето ова пред група на турски генерали да се обиде да го однесе во историјата, а сега, откако ја преживеа нивната намера, неговите најлоши инстинкти двојно ќе се зголемат и засилат, пишува британскиот „Дејли телеграф”.