620
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам веќе беше критикуван поради својот однос со ќерката, бидејќи постојано објавуваше слики како ја бакнува својата малолетна ќерка во уста.
Иако доби бројни напади и негативни коментари за своите постапки, се чини дека овие коментари не го спречија Бекам повторно да го стори истото.
Пред три дена Бекам објави видео од неговата 12-годишна ќерка Харпер како го шминка за модната недела во Париз, каде неговата сопруга Викторија Бекам ја претстави новата модна колекција, а откако нејзината ќерка го нашминка, Бекам ја бакна во уста.
Овој потег повторно предизвика бројни негативни коментари.