Дејвид Бекам ја краси насловната страница на британското издание на GQ. Црниот костум,
сериозниот изглед – 44-годишната фудбалска легенда изгледа како вистински Џејмс Бонд во
фотосесија,снимена во живописната Венеција.

Актуелниот број на изданието е посебен затоа што неговата тема е годишните награди за GQ што
одредуваат кој е човекот на годината. На наградите, магазинот ги рангира најинспиративните мажи
и жени во последните 12 месеци.
Дејвид Бекам ја добива специјалната награда за „Избор на уредникот“, која ќе му биде доделена
следната недела на церемонијата на GQ Men Of The Year.
Главниот и одговорен уредник на британското издание, Дилан Џонс, смета дека Дејвид е совршен
модел за овој број, посветен на годишните награди.