Дејвид Гета: Би сакал да имам стан во Нови Сад

од Nikola Popovski
273 прегледи

Познатиот музички продуцент и диџеј Давид Гета зборувал за Србија, каде повторно настапи на „Егзит“.

Како што искрено изјави, тој не знае многу за нашиот северен сосед, но верува дека Србија го има најдобриот музички фестивал.

– Не знам многу за Србија, искрено, но мислам дека има еден од најдобрите фестивали. Доаѓам тука веќе неколку години и го сакам Егзит. Немав време да ја запознам културата на вашата земја, но се надевам дека ќе го сторам тоа во некоја пригода.

Иако не настапи долго време поради пандемијата на коронавирус, тој посочува дека се обидел да биде активен и продуктивен.

– Сакав да се обидам да го искористам своето време продуктивно. Јас сум хиперактивен и направив две работи – Направив добротворни концерти во Мајами, Њујорк и Дубаи за да соберам пари за луѓе кои ги немаа за време на коронавирусот, и ова е првпат во последните 20 години да не патував толку многу, па затоа направив многу музика. Првите два месеци се обидував да останам во кревет, но тоа не беше за мене – рече тој и откри дали е вистина дека има стан во Нови Сад.

– Јас не, но можеби ќе имам! Кој знае … Јас не доаѓам толку често во Србија, освен кога ќе дојдам на Егзит. Имам многу српски пријатели во Париз – најдоброто обезбедување што го имаат таму, сите се Срби! Тоа го знам затоа што секогаш сум во клубови – заклучил Гета во изјава за српски „Курир“.

Слични содржини