📷 Гета поради Кубанка по 22 години брак ја остави сопругата: Сега го добија првото дете

од Симе Стоиков

Светски познатиот диџеј Дејвид Гета (56) го доби своето прво дете со прекрасната Кубанка Џесика Ледон (32).

Среќната двојка ја објави веста во заедничка објава на Инстаграм со краток опис:

„Љубовта е во воздухот. Запознајте го Сијан“, гласи описот на првата фотографија од нивното дете што ја објавија на споменатата мрежа.

Инаку, пред врската со Џесика, музичарот беше во 22-годишен брак со Кети Лоб, со која има две деца – ќерката Енџи (16) и синот Тим ​​Елвис (19).

Двојката се разведе во 2014 година, а неколку месеци подоцна јавноста дозна за него и за оваа атрактивна Кубанка, за која многумина шпекулираа дека е причината за разводот, но тоа никогаш не беше потврдено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Guetta (@davidguetta)

Слични содржини