Дејвид Гета ја доведе публиката до лудило последната вечер на EXIT

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Капиите, како и секоја претходна вечер, се отворија во 19 часот и беа отворени за посетители до 3 часот по полноќ. Програмата на последната вечер започна во 20 часот. Последната вечер на фестивалот ЕГЗИТ ја отвори Дарко Рундек, а двата најзабележителни настапи беа на Дејвид Гета и Соломон – во 02:30 и 5 часот по полноќ.

Гета ја затвори главната сцена со својата изведба, и Соломон dance арената. Настапот на Гета беше преполн и најпосетуван досега на овогодинешниот Егзит. Публиката на своите телефони го следеше и финалето на Европското првенство во фудбал и ја прослави победата на Италија.

Гета на својот настап пушташе свои, но и туѓи планетарно популарни хитови.

На крајот на настапот на Гета, крајот на фестивалот годинава беше прославен со огномет.

 

 

Слични содржини