Дејвид и Викторија Бекам купиле стан од 24 милиони долари

од Vladimir Zorba

Славната двојка Дејвид и Викторија Бекам, се главна тема во медиумите деновиве, а сето тоа заради информациите за сериозното купување на недвижен имот, што излегоа во јавноста. Поточно, поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам (44) и познатата дизајнерка, Викторија Бекам (45), неодамна купија стан во облакодер во Мајами.

Овој безобразно луксузен стан има неколку спални соби, поглед на заливот, а цената е 24 милиони долари. Станот се наоѓа во „One Thousand Museum“ зградата во Мајами и домот во кој тој сега ќе живее со своето семејство го дизајнирал еден од најпочитуваните архитекти Заха Хадид, пишува „ТМЗ“.

Овој имот има базен и на покривот на зградата има СПА центри, салони за убавина и фризерски салони, барови и области за сончање, како и хелиодром.

Како што е познато, славнатадвојка, која е во брак 20 години, поседува и вила во Лондон, вредна 31 милиони фунти, како и семеен дом вреден 6 милиони фунти.

Имено, нејзината компанија направи огромна загуба и како што се истакнува, само во 2018 година изгуби над 12 милиони фунти. Иако нејзините финансиски експерти велат дека нема причина да се плаши, Викторија, како што откриваат нејзините блиски пријатели, била во постојана паника.

– Дејвид е свесен дека неговата сопруга е вознемирена, но во исто време тврди дека треба да размислуваат за децата и дека во никој случај не треба да продолжат да губат милиони. Модата е тешка работа и Дејвид се обидува да ја охрабри Викторија. Тој и кажува дека не смее да биде толку строга со себе, но од друга страна, таа мора веднаш да реагира, завршува изворот.

Слични содржини