138
Менаџерот на Вест Хем Јунајтед, Дејвид Мојс е позитивен на коронавирус потврдија од клубот во вторникот. Заедно со него, двајца играчи се исто така позитивни на вирусот.
Заедно со Мојс, позитивни се и Иса Диоп и Џош Кален. Тимот се подготвуваше за натпреварот од Лига купот, кој „чеканите“ го играа со Хал вечерва (5:1), а за време на загревањето пристигна информација дека има позитивни резултати.
Мојс, Диоп и Кален веднаш го напуштија стадионот, сите без симптоми и ќе ги следат правилата и протоколите.
Натпреварот започна без овие три лица, а Алан Ирвин го водеше тимот против Хал.