251
Деканот на Градежен факултет, Горан Марковски во утринската програма на Телма изјави дека детална форензика на еден мост е комплициран потфат.
Според него, доколку истрагата покаже дека е потребна скромна санација, таа би траела најмалку два месеци, а доколку е потребна сеопфатна санација тогаш ќе треба околу една година.
Мостот „Беласица“ беше оштетен пред една недела, сега е затворен за сообраќај а како главна сообраќајна артерија, предвика невиден сообраќаен хаос во Скопје.