Декември 2015 бил најтопол месец во последните 136 години

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Минатата година била далеку најтопла откако се објавува мерењето на температурите од крајот на 19 век, соопшти Американската агенција за океан и атмосфера.

243465

Така, просечната температура на копното и морето во целата 2015 година, изнесувала 0,9 степени Целзјусови над просекот за 20 век.

Претходниот рекорд, забележен во 2014 година, е надминат за 0,16 степени.

Утврдено е дека декември 2015 бил најтопол месец во последните 136 години.

Највисоки температури до сега се регистрирани насекаде низ светот. И во Централна Америка, во северната половина на Јужна Америка, на европскиот континент, како и на западот на Азија и многу други делови на Сибир.