295
Во ливада во атарот на селото Конопница, Крива Паланка, пронајден е дел од човечки труп.
– Вчера попладне, околу 17 часот и 24 минути во полициската станица, одделение за внатрешни работи Крива Паланка, било пријавено дело во ливада во Конопница пронајдени се облека и дел од човечки труп. За настанот веднаш бил известен јавен обвинител и увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка, информира од СВР Куманово.
По наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.