Дел од општина Центар утре без вода

од desk4
69 прегледи

Корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до улицата „Даме Груев“, поточно објектите на Домот на АРМ, Заводот за статистика, Зелениот пазар и другите згради во околината утре од 8:30 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради отстранување дефект на водоводна цевка.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.