Дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Грција ќе бидат наменети за нашите граѓани. Ова го потврдивме во петокот во разговор со грчкиот премиер Мицотакис,соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
„Република Северна Македонија ги користи сите инструменти, вклучувајќи го и Ковакс механизмот кој беше прв на располагање, а преку овие директни договори со останатите земји члеки на ЕУ, дополнително ќе обезбедиме одредена количина вакцини.
Практично преку три механизми преговараме за набавка на вакцините“, додава тој.