На денешниот деветти по ред „Марш за ангелите“ во Кочани, дел од родителите на настраданите лица во големата трагедија порачаа дека не се правници и дека обвинението од ОЈО им било дадано по членови и закони и кој како постапил или не постапил.
Велат дека ништо не сфатиле. Освен тројцата градоначалници и обезбедувањето, за другите осомничени порачаа дека не сфатиле кои се. Најавија поднесување на барање до Основното јавно обвинителство во понеделник.
-Сметаме дека е од суштинско значење, ОЈО во Кочани конечно и целосно да не запознае со исходот од истражната постапка, како и со содржината на обвинителниот акт – кои физички и правни лица се опфатени, против кого се води постапката, а кои се изземени од одговорност, за да можеме да ги отстраниме сите дилеми кои се јавуваат кај нас со спроведената постапка. Неприфатливо е за нас како родители да добиваме информации преку медиуми или неофицијални канали. Очекуваме транспарентност и директна комуникација од надлежните институции. Посебно загрижува фактот што и покрај нашите укажувања и конкретни наводи, одредени лица не се повикани ниту на распит. Нашето барање официјално ќе ви го доставиме во понеделник, рече меѓу другото Марија Петрушева, мајка на Андреј Панов кој загина во кочанската дискотека.