Дел од Скопје без вода

Поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“, без вода за пиење во текот на денешниот ден ќе бидат неколку улици, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Фејсбук

Поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“, без вода за пиење во текот на денешниот ден ќе бидат неколку улици, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Водоснабдувањето било прекинато за корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“ и „Дрезденска“, како и домот „Здравко Цветковски“.

– Поради технички причини, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од улиците „Владимир Полежиновски“ и „Мирче Оровчанец“, додадоа од претпријатието.

Оттаму посочија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.