488
Иако на скопските улици и булевари можат да се видат интересни комични и интересни ситуации, сепак вчера утрото е забележена досега невидена глетка, барем за центарот на градот.
На Фејсбук групата „Ѕид на сообраќаен срам“ е објавена фотографија на која се гледа како коњи слободно се движат на булеварот, каде што се наоѓа дирекцијата на Макпетрол, во правец кон трговниот центар „Рамстор мол“.
Нема никакви информации како коњите станале „дел од сообраќајот“ и дали безбедно се тргнати од булеварот.