Дел од странската помош за справување со пожарите ја напушти државата

од Nikola Popovski
50 прегледи

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов апелираше до земјоделците да не оставаат плински уреди на полињата. Според него, ваквите уреди се опасност за појава на пожари на отворено и веќе има најмалку еден потврден случај за експлозија на плинска боца. Се појавил пожар кој за среќа брзо бил совладан и не прераснал во шумски пожар.

Вториот апел, како што кажа Ангелов, е до сите луѓе кои живеат во своите стари куќи или викендици во напуштените или полунапуштените села. Доколку забележат лабави жици и кои можат да предизвикаат искрење, истото итно да го пријават во ЕВН.

Директорот на ЦУК исто така информира и дека од земјава си заминале посадата и едниот чешки хеликоптер, еден словенечки хеликоптер, како и двата шведски „ер-трактори“.

Во моментов, на помош од странство имаме еден српски хеликоптер со тритонско ведро, два хеликоптери од Унгарија и два „ер-трактори“ од Германија. Исто така на располагање и помош ни е и тим од 44 пожарникари од Унгарија, со специјални теренски возила, кои дејствуваат во реон на село Брезница.

Слични содржини