Поради дефект на затворачи од Ф-300 мм на бул .„Св.Кирил и Методиј” (до мисијата на ЕУ) во центарот на Скопје, прекинато водоснабдување денеска имаат корисниците на улиците „Мајка Тереза”, „Шарски одреди”, „Св.Кирил и Методиј”, „Даме Груев”, „Димитрија Чуповски” и „Св.Климент Охридски”.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со активностите, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Слични содржини