Дел од вакцините може да имаат намалена ефикасност против бразилскиот сој, вели Беќаровски

од Nikola Popovski
409 прегледи

Доктор Нико Беќаровски истакна дека многу пациенти доаѓаат со пост-ковид проблеми, фиброза на белите дробови, оштетување на срцето.

„Ако продолжи со ова темпо, а ние не се вакцинираме, дозволуваме да се шири. Секое следно ширење е можност за мутира. Во моментов е британскиот сој и среќа што е само тој. Има анализи и тврдења дека дел од овие вакцини ќе имаат намалена ефикасност за бразилскиот сој. Ефикасноста од 95% ќе биде на 70%“, изјави Беќаровски за емисијата „Студио 10“.

Во однос на вакцините, тој вели дека најбрз имунитет создава Фајзер, додека кај другите треба повеќе време.

„До 10 дена после вакцинација се уште не сте безбедни, затоа е потребно подигнување свеста кај граѓаните и почитување на мерките исто како и да не сме вакцинирање, барем 40 дена по првата вакцинација“, истакна Беќаровски.

Слични содржини