Дел Пјеро кандидат за претседател на Јувентус

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Поранешниот капитен на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро е еден од кандидатите за претседател на тој фудбалски клуб, објавија италијанските медиуми.

Според италијанскиот дневен весник „Месаџеро“, Дел Пјеро би можел да го замени Андреа Ањели на претседателската функција од следната сезона.

Ањели беше еден од основачите на Европската Суперлига, проект кој пропадна само 48 часа по објавувањето, поради притисокот од јавноста и навивачите.

Од 12-те клуба, осум ја напуштија лигата, оставајќи ги само Јувентус, Милан, Реал Мадрид и Барселона.

Ањели нема намера да поднесе оставка во Јувентус, но акционерите предводени од Џон Еикан може да го отпуштат за време на состанокот на 27 мај.

Легендарниот фудбалер на Јувентус, Дел Пјеро не е единствениот кандидат за претседател на „црно-белите“, бидејќи се шпекулира дека во игра се и Алесандро Наси и Марчело Липи.

На почетокот на овој месец, поранешниот напаѓач на Јувентус, Давид Трезеге навести дека тој и Дел Пјеро можат да се вратат во торинскиот клуб.

Дел Пјеро моментално работи како консултант за ESPN.

Слични содржини