Дел Потро на нова операција: „Нема да престанам да се обидувам“

од Stefanija Kuzmanovska
402 прегледи

Хуан Мартин Дел Потро повторно ќе оди на операција на коленото.

Можеби тоа веќе не е нешто ново, но за симпатичниот Аргентинец постои нова надеж дека по интервенцијата во вторник ќе може да ја продолжи неговата кариера.

И што е можеби уште поважно за него – да му овозможи да игра на Олимписките игри во Токио оваа година.

Дел Потро го повреди коленото во октомври 2018 година и после тоа одигра само 12 дуели, а последниот меч (засега) во Квинс во јули 2019 година.

Следуваа три операции, од кои последната беше во август 2020 година.

„Пробавме конзервативна терапија, но болката е сè уште присутна. Лекарот знае дека сакам повторно да играм тенис и дека сакам да играм на Олимписките игри, па затоа се согласивме дека операцијата треба да се направи што е можно побрзо“, рече Аргентинецот во видео-изјава на својот Инстаграм профил.

Во јануари годинава, тој го загуби и татко му, и тоа особено го потресе.

„Сè беше многу тешко откако татко ми почина. Но, почувствував сила што ми ја испраќаше одозгора. Еден ден се разбудив и се јавив на докторот. Знаев дека треба да се обидам повторно. Се надевам дека ќе можам да се извлечам од оваа болна ситуација. Нема да престанам да се обидувам“, рече Дел Потро.

Слични содржини