332
Се уште не. Јас сум дел од владеачката коалиција и би било перверзно да бидам дел од неа, а да одам на протести, истакна денеска претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, како одговор на прашањето дали учествува на протестите против францускиот предлог.
Тој истакна дека ги во принцип ги поддржува сите протести.
-Протестите се здрави за демократијата доколку не бидат злоупотрбеени и доколку во нив нема насилство. На протестите видов луѓе кои не даваат поддршка на овој договор, но даваа поддршка на Преспанскиот договор, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“.