470
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.М.(24) од с.Вирче, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
На 30.10.2021 пред угостителски објект во Делчево, полициски службеници го забележале пријавениот и покрај тоа што му било издадено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за домашна изолација.