Делчево со најголем број заболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион

од Берта Китинска
180 прегледи

Со 80 активни случаи Делчево останува град со најмногу заболени од Ковид-19 во Пијанечкомалешевскиот регион. Денес во општината се регистирани три нови случаи, со што од почетокот на пандемијата заедно со Македонска Каменица ова е 111 позитивен случај на коронавирус.


-Досега од почетокот на пандемијата има и 27 случаи во Македонска Каменица. Останатите се пациенти од Делчево. Меѓу нив има и тројца починати. Повеќето од новите случаи од изминатите неколку дена се од семејни кластери без симптоми, но има и пациенти кои се хоспитализирани надвор од нашата установа, информираат од делчевскиот здравствен дом.
Апелираат на понатамошно почитување на мерките за заштита од вирусот, со цел спречување на негово ширење. Денес во општините од Пијанечко-малешевскиот регион има еден
позитивен случај во Берово, каде исто така има и еден оздравен пациент.

Во општините Берово и Пехчево заклучно со денешниот ден има 61 позитивен случај на Ковид-19.

Слични содржини