Делегација на Град Скопје положи свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифовски Питу

од Stefanija Kuzmanovska
419 прегледи

По повод одбележувањето на 80-годишнината од загинувањето на Кузман Јосифовски Питу, делегација на Град Скопје положи свежо цвеќе пред споменикот на овој голем македонски народен херој, соопштуваат од Град Скопје.

„Делегацијата му оддаде почит на ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски Питу, кој беше еден од главните организатори на народноослободителната војна и антифашистичкото движење во Македонија“, наведуваат оттаму.

Слични содржини