Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го осудува споменикот со картата на „Голема Албанија“ во комплексот на УЧК во Сопот. Вели дека „ДУИ и Али Ахмети за да го заштитат криминалот што го прават и егзодусот што се случува, ќе се обидат да дефокусираат со вакви националистички и шовинистички пораки“.
На прашањето за претседателски кандидат и дали маж или жена како кандидат, Мицкоски вели дека „ќе видат“ и дека како партија во минатото се покажале со широки погледи за тоа кој ќе биде кандидат.
-Имаме широка внатрешна процедура преку организирање на избор на конвенција. Делегатите од членството ќе го дадат своето мислење. Очекувам кандидати и мажи и жени, па после тоа делегатите ќе одлучат, рече лидерот на најголемата опозициска партија од Ресен.