По повод десетгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ во состав Миле Зечевиќ, генерален секретар, Ана Данева Маркова членка на ИО на СДСМ и Марија Иванова, потпретседателка на СДММ, денеска оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.
-СДСМ и сите граѓани со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувањата на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата, стои во соопштението од владеачката партија.