Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Борис Трајковски

од desk2
116 прегледи

Делегација на СДСМ во состав Диме Велковски, претседавач со ЦО на СДСМ, Цветанка Ласкова претседателка на Форумот на жени на ССМ и Дарко Давитковски член на ИО на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, денеска, на 13-годишнината од неговата смрт.

СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Република Македонија, кој посветено работеше на соработка и заедништо и отвори нови перспективи за граѓаните. Овие вредности остануваат водилка за генерациите кои доаѓаат.

СДСМ е цврсто определена во негување и развој на соработката и заедништвото во интерес на добрата иднина на сите граѓани и Република Македонија.