Делегација на СДСМ во состав Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Магдалена Несторовска од Форумот на жени на СДСМ и Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 8- годишнината од неговата смрт.

„СДСМ, како и граѓаните на Република Северна Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров за нашата земја, кој изгради мостови на соработка и заедништво како внатре во општеството, така и во светот и со тоа го зацрта патот на интеграција и развој, кој и денес со гордост го одиме. Во интерес на иднината на граѓаните и на државата, СДСМ останува определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе“, соопштуваат од СДСМ.

Слични содржини