Делегација на Уставниот суд заминува во работна посета на Турција

271 прегледи

Делегација на Уставнио суд на С.Македонија од денес до крајот на месецот ќе биде во работна посета на Турција, по покана на претседателот на тамошниот суд, проф. Д-р. Зухту Арслан.

Како што информираат од Уставниот суд, делегацијата ќе биде предводена од претседателот, Сали Мурати, а остнати членови ќе бидат Елена Гошева, Јован Јосифовски и Д-р. Осман Кадриу.

Во насока на работната посета ќе се разменат мислења и искуства за актуелни уставно правни прашања од посебен интерес за двата суда и тоа за постигнувања во областа на човековите права во Туција со воведување на индивидуална жалба како правен лек пред Турскиот уставен суд и ефектот на механизмот „индивидуална жалба“ во однос на жалбите поднесени против Турција пред Европскиот суд за човекови права, како и з аштита на основните слободи и права во правниот систем на Република Северна Македонија со посебен овсрт на уставно судската пракса и предизвиците пред Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Покрај работниот дел од средбата, Делегацијата ќе има и бројни средби со претставници на највисоките судски власти, а ќе биде примена и од највисокиот државен врв на Република Турција.

Посетата, како што велат од Уставниот суд, се реализира врз основа на Меморандумот за разбирање и билатерална соработка, согласно кој досега се организирани бројни настани и има за цел понатамошно продлабочување на извонредно блиската и пријателска соработка помеѓу двата Суда.

Слични содржини