Во работна посета на Тирана, денес замина делегацијата на Државната изборна комисија на С.Македонија, предводена од претседателот Александар Даштевски.
На средбата која Даштевски ја оствари со претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Илирјан Целибаши, фокусот беше ставен на размена на искуствата помеѓу двете институции, но и развојната соработка во иднина.
„Имајќи предвид дека Република Северна Македонија се соочува со предизвик за електронска идентификација на гласачите, интересот на делегацијата на ДИК беше насочен кон имплементација на овој проект од страна на ЦИК на Албанија, се вели во соопштението на ЦИК.
Меѓудругото, Целибаши ги запознал со законските регулативи поврзани со изборната технологија, процедурите и чекорите што ги следи ЦИК за спроведување на електронскиот систем за идентификација на гласачите.
Тој при тоа извршил демонстрација на електронски уред за идентификација.
Од име на ДИК, Даштевски изразил интерес за набљудување на парламентарните избори што треба да се одржат на 25 април идниот месец