Делков ја „исправа дискриминацијата“ – и на „повозрасните“ немажени жени ќе им плати 500 евра ако се омажат ?!

од desk4
149 прегледи

Oпштина Неготино ќе стави крај на дискриминацијата над немажените жени постари од 40 години, кои според програмата на поранешниот градоначалник Ванчо Апостолов не добиваа субвенции доколку стапат во брак, за разлика од постарите ергени во градот, на кои за прв брак по 40 години им следуваа околу 500 евра општински пари. Веста за предивидените измени во субвенционирањето, со цел да се поттикне стапувањето во брак кај лицата постари од 40 години ни ја потврди новиот градоначалник Тони Делков.

Тој додава дека апослутно се согласува со реакциите на неготинчанките дека се дискриминирани според родова основа, и вели дека неправдата кон нив ќе биде исправена.

 ,,Без дилема се согласувам дека истите мерки за поттикнување на бракови кај повозрасни лица треба да важат за припадниците на машкиот, но и за припадничките на женскиот пол. Планираме да направиме измени во овој дел, затоа што сите сме еднакви и нема потреби од вакви родови поделби. Но она што е загрижувачко во моментот, а кое што го согледав откако дојдов на функција, е податокот дека своите субвенции со месеци не ги добиле ниту ергените кои што стапиле во брак, ниту пак лицата кои што добиле новороденчиња, како што беше предвидено во програмата на мојот претходник. Работиме на решавање на овој проблем во најбрз можен рок’’ –  изјави Делков за Фокус.

повеќе тука