Делницата Велес-Градско пет дена затворена за сообраќај

од Nikola Popovski
158 прегледи

Aвтомотосојузот на Македонија информира дека регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, АМСМ известува дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 19.06 до 23.06.2023 год, Делницата Велес – Градско (во н.м. Градско) ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини