Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека делницата Велес-Градско поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај.
Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско”, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање),на ден 14.09, 15.09, 16.09 и 18.09.2023, ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско во периодот од 08:00 – 18:00 часот, појаснуваат од АМСМ.
Оттаму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.