34
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради зафати во водоводната мрежа со пречник Ф-110 мм на ул. Охридска 44, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците Охридска и Петричка во општина Центар.
Исто така, поради дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100 мм, на ул. Петар Драганов во населба Тафталиџе, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Петар Драганов, Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска и Стокхолмска во Карпош.